Choose languageLanguage
Евиденција на работно време во Cloud

Евиденција на работно време во Cloud

Едноставно следете ја евиденцијата на работно време на вработените – без разлика дали работат во канцеларија, од далечина или со флексибилно работно време. All Hours овозможува точно, автоматизирано и кориснички прилагодливо решение за евидентирање на работните часови како и за управување со отсуствата и прекувремената работа.

  • Податоци за присуство во реално време 
  • Евиденција на отсуства и прекувремена работа 
  • Автоматизирани работни распореди и пресметка на плата 
  • Помош при обезбедување усогласеност со закони
Бесплатен пробен период
• Кредитна картичка не е потребна • 14-дневен бесплатен пробен период
Резервирајте демонстрација

Проверена евиденција на работно време со сите потребни функции

Секоја смена и секој час се прецизно евидентирани

All Hours овозможува точна евиденција на работното време – без разлика каде или како работат вашите вработени. Брзата и едноставна регистрација на работното време и точното водење евиденција за работното време овозможуваат пресметка на плата без грешки.

  • Синхронизација со регистрации преку мобилна апликација, интернет, терминали и beacon-и
  • Погодно за работа од далечина, хибридна работа и работа во канцеларија 
  • Можност за прилагодување за повеќе локации и различни оддели 
  • Помалку грешки и рачно внесување на корекции 
Секоја смена и секој час се прецизно евидентирани

Едноставно управување со отсуствa

Управувајте со сè на едно место – барања за годишен одмор, одобренија и планирање на работното време. Вработените можат да поднесат барање преку апликацијата, кое нивните претпоставени можат да го одобрат или отфрлат со еден клик.

  • Евидентирање на сите видови отсуства – одмор, боледување, празници,...
  • Поставување процес на одобрување на барање
  • Преглед на отсуства во календарот 
  • Јасна и ажурирана достапност на вработените 
Прочитајте повеќе за управувањето со отсуства
Едноставно управување со отсуствa

Контрола на прекувремена работа

Спречете синдром на прегорување на работно место и прекумерни трошоци за работа со јасно, автоматизирано евидентирање на прекувремената работа. Прилагодете ги правилата во склад со политиката на компанијата и одобрете ги само потребните часови.

  • Автоматско евидентирање на прекувремена работа
  • Одобрување или одбивање на прекувремена работа
  • Следење на статус на вработени со флексибилно работно време 
  • Точни извози на податоци за пресметка на плата
Прочитајте повеќе за евидентирање на прекувремена работа
Контрола на прекувремена работа

Постојано ажурирана евиденција и точна пресметка на плати

Нема потреба од опоменување на вработените за ажурно водење на евиденција или поправање на податоци. All Hours ги синхронизира работните распореди во реално време, затоа е пресметката на плата секогаш точна и проверена.

  • Автоматско генерирање на пресметка од регистрациски настани 
  • Вклучува отсуства, паузи и додатоци
  • Прилагодливо според оддел или функција
  • Едноставен извоз во Excel и PDF формати или во систем за пресметка на плата
Прочитајте повеќе за автоматизирани работни распореди
Постојано ажурирана евиденција и точна пресметка на плати

Евиденција и паметно планирање на работно време

Со решението All Hours, планирањето на смени, евиденцијата на работно време и управувањето со отсуства се поврзани, што обезбедува точна евиденција, непречено работење и поедноставна пресметка на плата.

  • Усогласување на планираните смени со вистинско присуство
  • Тековно откривање на празнини, преклопувања или регистрации кои недостасуваат
  • Автоматско спроведување на правила во склад со типот на смена
  • Прилагодување на распоредите во реално време и во склад со потребите
Прочитајте повеќе за планирање на работно време
Евиденција и паметно планирање на работно време

Започнете 14-дневен бесплатен пробен период и откријте подобар начин за евидентирање на работното време

Започнете бесплатно
• Кредитна картичка не е потребна
• Откажете во било кое време
Најдете претставник во вашата земја. Стапете во контакт со продажбата

Предности на модерниот систем за евиденција на работно време

Решението All Hours е дизајнирано за компании од сите големини - од мали компании до корпорации. Без разлика на тоа дали водите тим кој работи од далечина или управувате со поголем број на смени, нашето решение ви нуди прегледност, контрола и усогласеност со законите.

Точност и одговорност

Сигурно евидентирајте го секој час. All Hours точно ја евидентира секоја регистрација, отсуство и прекувремена работа.

Прегледност во реално време

Во било кој момент, можете да проверите кој од вработените работи, каде се наоѓа и кој е отсутен. Донесувајте одлуки побрзо благодарение на податоците во живо кои секогаш ви се достапни.

Подобрена усогласеност со законите

All Hours им помага на компаниите да ги исполнат законските барања во врска со евиденцијата на присуството, работното време, паузите и заштитата на податоци.

Искуство прилагодено за вработените

Апликациите прилагодени на корисниците, автоматските потсетници и флексибилните можности за регистрација овозможуваат едноставна употреба – без дополнителна администрација.

Автоматизација на пресметка на плата

Нема повеќе рачни пресметки и поправање на грешки при пресметка на плата во последен момент. All Hours ги претвора точните податоци за работното време во работни распореди подготвени за извоз, овозможувајќи брза, едноставна и сигурна пресметка на плати.

Често поставувани прашања за евидентирање на работното време

Сè што треба да знаете за системот за евиденција на работно време All Hours, неговите функции и добри практики.

Лесен премин кон нашето решение

Истражувајте со сопствено темпо (самостојно)

Започнете бесплатен пробен период и проверете колку добро All Hours одговара на вашиот начин на работа. Волшебник ве води низ едноставно прилагодување на нагодувањата.

  • Кредитна картичка не е потребна
  • Откажете во било кое време
Бесплатен пробен период

Резервирајте лична демонстрација

Резервирајте демонстрација во живо и добијте бесплатни консултации за тоа како најдобро да го искористите All Hours во вашата компанија.

  • Презентација на сите можности на употреба 
  • Добијте одговори на сите прашања
Резервирајте демонстрација